Кинеската компанија Синовак сега може да произведе две милијарди дози од вакцината годишно

Од:

Кинеската компанија „Синовак“, со отворањето на третата фабрика во Пекинг, го удвои својот годишен капацитет за производство.

„Синовак“ соопшти дека го зголеми производствениот капацитет на вакцината против коронавирус на две милијарди дози годишно, пренесува Анадолија.

Во соопштението се вели дека компанијата завршила со изградбата и пуштила во употреба трета фабрика за сериско производство на состојки за антиковид вакцини.

Првата фабрика за производство на вакцини „Синовак“ беше отворена во август минатата година со годишен производствен капацитет од 500.000 дози, а во февруари годинава беше отворена и втората, со што се зголеми годишниот капацитет за производство на една милијарда дози.

За набавка на оваа вакцина се заинтересирани и властите во Македонија. Според најавите од Министерството за здравство, во Македонија би можеле да пристигнат половина милион дози од оваа вакцина.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски