Кинеската државна авиокомпанија ги прекина товарните летови до Индија со кои се доставува медицински материјал

Од:

Кинеската државна авиокомпанија „Сичуан Ерлајнс“ ги прекина сите товарни летови до Индија на 15 дена, со што предизвика огромно нарушување во напорите на приватните трговци да обезбедат кислород и други медицински материјали кои им се неопходни на индиските болници.

Според весникот „Тајмс оф Индија“ чекорот е преземен и покрај тоа што Пекинг „понудил поддршка и помош“ на Индија во справувањето со големиот број случаи на Ковид-19.

Одлуката за прекин на летовите била содржана во писмо кое компанијата „Сичуан Чуанханг Лоџистик ЛТД“, која е дел од „Сичуан Ерлајнс“, им го испратила на агентите за продажба, информирајќи ги дека се прекинуваат товарни летови на шест рути, меѓу кои и Џиан до Делхи, и покрај големите напори на трговците од двете земји да набават кислородни концентратори.

Во писмото се истакнува дека летовите се прекинуваат поради „наглата промена на епидемиската состојба во Индија со цел да се намали бројот на увезени случаи на Ковид-19“.

Медицинскиот материјал сега ќе треба да се превезува преку Сингапур и други земји што ќе ја забави доставата на производите кои на Индија во моментов и се многу итни.

Според „Тајмс оф Индија“, во исто време, кинеските произведувачи ги зголемиле и цените на медицинските материјали за 35 до 40 проценти, додека цената на превозот е зголемена за околу 20 отсто.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски