Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Од:

Пред неколку часа заврши вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, а светските медиуми сега ги пренесуваат деталите.

Амбасадорот на Кина во ОН, Даи Бинг, зборуваше веднаш по рускиот претставник, кој го искористи состанокот за „недвосмислено“ да го осуди воздушниот напад на Израел на 1 април врз иранската амбасада во Сирија.

Даи Бинг изјави пред Советот за безбедност дека меѓународната заедница „ја осуди неприфатливата хуманитарна катастрофа во Газа“ и побара прекин на огнот и изрази загриженост поради потенцијалот за влошување на регионалните тензии „со сериозни несакани ефекти“.

Тој потоа го коментираше израелскиот воздушен напад врз иранската амбасада: „Овој инцидент беше сериозно кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право, бидејќи го прекрши и суверенитетот на Сирија и Иран. Тоа беше безобразен напад“.

„Новата ескалација е најновата манифестација на конфликтот во Газа што се прелеа во поширокиот регион. Таа служи како уште еден потсетник дека палестинското прашање останува централно за блискоисточното прашање и влијае на мирот, стабилноста и долгорочната безбедност во регионот“, рече кинескиот претставник.

Тој ги повтори повиците за итен прекин на огнот во Газа, за што Кина се залага од почетокот на конфликтот. Обраќањето на Даи Бинг до Советот за безбедност уследи по претходната кратка изјава на кинеската влада: „Кина ја повикува меѓународната заедница, особено земјите со влијание, да одиграат конструктивна улога за мирот и стабилноста на регионот“.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ