Работниците во кинескиот град на границата со Русија, за шест дена претворија зграда од 13 спратови во привремена болница за пациенти заразени со коронавирусот кои се без симптоми, поради тоа што Пекинг се соочува со нов бран на заразата на североистокот.
Русија стана најголем „извозник“ на новите случаи на заразени од коронавирус во Кина, покажуваат официјалните податоци. Поголемиот број се државјани на Кина кои работат во соседната земја.
Новата теренска болница има 500 кревети и се наоѓа на 27 километри од границата со Русија, во Суифен.
Увезените случаи како и асимтоматските пациенти станаа закана за Кина која се обидува да го спречи вториот бран на вирусот.
Градот на границата има околу 70 илјади жители и температурите се ниски во текот на поголемиот дел на годината.