Кина: САД внимателно да дејствуваат во однос на Јужното Кинеско Море

Од:

Кина денеска ги повика САД внимателно да говорат и да дејствуваат кога станува збор за за Јужното Кинеско Море, нагласувајќи дека таа има неспорен суверенитет врз островите Спретли.

Ова го изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг на прес-конференција во Пекинг, откако администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека САД ќе ја спречат Кина да преземе територија во меѓународните води во Јужното Кинеско Море.

– Сметам дека САД таму ќе обезбедат заштита на нашите национални интереси. Доколку тие острови се навистина во меѓународните води и не се дел од Кина, тогаш одговорот е потврден. Ние сигурно ќе ги браниме меѓународните територии доколку сака да ги преземе некоја земја, изјави вчера портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин