Кина преку медиумите ги предупредува Виетнам и Филипините

Од:

Филипинските медиуми денеска го пренесуваат пишувањето на кинеските медиуми, под државна контрола, според кои Пекинг јавно ги предупредува државите што имаат територијални претензии кон делови од Јужното Кинеско Море, дека ќе платат „превисока цена“.

Тензиите во регионот пораснаа откако Кина започна подготвителни работи за поставување нафтени платформи на еден од коралните гребени, а во меѓу време имаше  повеќе „блиски средби“ меѓу виетнамски бродови со бродови и авиони на кинеската армија. Овој спор беше и непосреден повод за нападот на фабриките што се кинеска инвестиција во јужен Виетнам.

Филипините, кои вчера потврдија дека ќе вложат големи средства во модернизација на  Воената морнарица и Воздухопловството во базите блиску до спорните територијални води, го разгневија Пекинг со одлуката да им судат на 11 кинески рибари за кои тврдат дека биле приведени поради илегално навлегување на поморската територија која Филипините ја сметаат за своја.

Спорот околу суверенитетот над водите на Јужното Кинеско Море, според аналитичарите, веќе не е само билатерален проблем меѓу Кина и државите од Југоисточна Азија кои се спротиставуваат на кинеските тврдења дека, фактички и историски, ова море целосно и припаѓа на Кина.

Се работи за морска површина од три и пол милиони квадратни километри во западниот Пацифик богата со резерви од нафта и гас и е една од најпрометните морски сообраќајници.

На одлуката на Кина да го прогласи Јужното Кинеско Море за своја територија се спротиставуваат сите држави што излегуваат на ова море. Своите права Филипините ги бараат преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг, а Виетнам се обидува спорот да се реши билатерално или со посредување на АСЕАН.

Претенденти за дел од сувереноста и за прогласување на отворените води на ова Море за зедничка слободна зона се и Тајланд, Индонезија, Лаос, Малезија, Сингапур и Брунеи. Во дипломатските кругови во регионот се смета дека по неодамнешната посета на американскиот претседател Барак Обама на регионот и Вашингтон дал поддршка на државите што имаат спорови со Кина.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД