Кина побара Филипините да се откажат од посредување на ОН за решавање на споровите за Јужното Кинеско Море

Од:

Кина не се сложува со барањето на Филипините пред меѓународниот суд за морско право на ОН да се решаваат споровите околу сувереноста на подрачјето на Јужно Кинеско Море.

Пекинг смета дека во спорното море не постојат толку големи проблеми за да се меша и меѓународната заедница, а со билатерален напор може да се најдат решенија со кои сите ќе се задоволни.

Ваквиот став на Пекинг во Манила официјално го пренесе кинескиот амбасадор Зао Јианхуа, според кого известувањата дека Јужното Кинеско Море е предмет на големи спорови и е опасно за мир во регионот, а тие немале реална основа.Дел од печатот во овој регион кинескиот амбасадор го обвини за сензационализам во служба на своите влади.

Истиот ден кога кинескиот амбасадор во Манила ги пренесе ставовите на својата држава, во Генералното Собрание на ОН филипинскиот министер за надворешни работи Алберт дел Росарио изнесе низа тешки обвинувања на сметка на Кина за нарушувањато на правата на неговата и пет други држави од регионот во спорните морски води.

 Според министерот Росарио, со бројни насилни активности на кинеската морнарица и авијација, Кина сака да го задржи прашањето на ниво кога таа прогласи девет точки на својата сувереност над Јужното Кинеско Море, кои допираат дури и во територијалните води што им припаѓаат на Филипините, Виетнам, Тајван, Малезија, Борнео и Индонезија.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Екстремни горештини на Филипините

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина