Кина негира дека се обидува да забрани недозволено критичко известување во медиумите

Од:

Кина не се обидува да им забрани на репортерите да објавуваат критички извештаи без претходна дозвола, вели претставник од државен медиум, кој наведе дека таквата наредба е погрешно интерпретирана и дека нејзината вистнска цел е да се сопрат нивинарите да ја злоупотребуваат новинарската работа.

Државната администрација за печат, изданија, радио, филм и телевизија, издаде правило во кое стои дека можат да објавуваат критички стории само ако работодавецот потпишал за тоа, со што се распалија обвинувања за ценузра.

Правилото доаѓа откако владата го интензивираше кршењето на слбодата за изразување, и на интернет и во традиционалните медиуми.

Но Џијанг Џијангу, заменик шеф на админстрацијата, за државната информативна агенција Ксинхуа рече дека владата е посветена за заштита на правата на репортерите.

– Некои луѓе погрешно ја протолкувале нашата инструкција како општо недозволување на новинарската критика, но всушност имаме силна и непоколеблива законска заштита на правата на префсионалните новинари и позитивна подршка за супервизија на медиумите преку јавното мислење, рече Џијанг.

Наредбата репортерите да имаат претходна дозвола од работодавците за да направат критичко известување, е „во согласност со законите и се со цел за справување на проблемите со новинарите кои ја злоупотребуваат својата позиција за да уценуваат“, додаде Џијанг.

Правилото е дел од националната кампања против корумпирани и лажни репортери кои бараат големи суми пари за необјавување на негативни стории, кои често се невистинити, објави Ксинхуа.

– Ова однесување силно ги крши правата на обичните луѓе и и штети на репутацијата на медиумските куќи, а и го руши угледот на новинарството, рече Џијанг.

Кина презема строги мерки за да се справи со озборувањата кои се појавија на интернет минатата година, но критичарите велат дека кампањата е само средство за справување со критиките против владеjачката Комунистичка партија, кои го потресоа политичкиот дискурс.

Новинските куќи во Кина се силно цензурирани, а медиумските организации мора да добијат лиценци од владата пред нешто да објават.

Државните медиуми се клучниот двигател на партиската пропаганда, но реформите во изминатата деценија овозможија уште поголема комерцијализација и извесен пораст на уредничката независност.

Њузвик – Њујорк

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина