Кина лута на декларацијата на Г-7 за Источнокинеско и Јужнокинеско Море

Од:

Кина изрази силно незадоволство откако министрите за надворешни работи од Г-7 изјавија дека остро се спротивставуваат на провокациите во Источнокинеско и Јужнокинеско Море, каде што Кина има територијални спорови.

– Ги повикуваме земјите од Г-7 да ги почитуваат ангажманите, да не заземаат страна по прашања, врзани за територијални спорови, наведува кинеското МНР.

Г-7 би требало да се фокусира врз светското економско управување и соработка пред перспективата за слаб економски раст, наместо да предизвикува спорови и проблеми, додава Министерството.

По средбата во јапонскиот град Хирошима, шефовите на дипломатиите од Г-7, вчера изјавија дека се „против секакви еднострани дејствија на заканување и принуда, кои можат да ја променат состојбата на статус кво и да ја засилат напнатоста во Источнокинеско и Јужнокинеско Море“.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36