Кина ќе обезбеди 10 милиони дози вакцини за иницијативата Ковакс

Од:

Кина планира да обезбеди 10 милиони дози вакцини против Ковид-19 за глобалната иницијатива за дистрибуција на вакцини Ковакс, откако три кинески компании аплицираа за иницијативата за одобрување, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Ковакс, поддржан од Светската здравствена организација (СЗО) и ГАВИ, глобалниот сојуз за вакцини и имунизација, треба да започне со спроведување на програмите за вакцинација во земјите со низок и среден приход овој месец, со две милијарди од вкупно три милијарди дози што се очекува да бидат испорачани оваа година.

Кинеското Министерство за надворешни работи објави во јануари дека Синовак Биотек, Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) и КанСино биолоџис се пријавиле да се приклучат на програмата.

Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, го објави денеска планот за снабдување на редовниот брифинг со медиумите, без да навлегува во детали.

Неколку земји, вклучувајќи ги Бразил, Индонезија, Турција и Обединетите Арапски Емирати, веќе спроведуваат програма за вакцинација со вакцините Синофарм и Синовак.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио