Кина: Ја удрил воз, додека се сликала на шини

Од:

Студентка од Кина ја удри воз додека позираше на фотографија на железничка пруга, но за среќа успеа да остане жива.

Дваесетгодишната Ксиа Ли ја натерала својата пријателката да и направи неколку фотографии како седи на пруга кога возот поминувал покрај неа, во Шаодонг Хаунан, провинција во јужна Кина.

Додека се обидувала да заземе соодветна поза се сопнала на камањата под шината и директно налетала на возот, кој ја допрел по левото рамо и ја отфрлил на другата страна

-Осетив удар и прелетав на другата страна. Не сфатив дека бев толку близу. Рамето ми е повредено, но среќна сум што останав жива. Наредниот пат ќе се сликам на помалку опасни места – изјави Ли.

Полицијата соопшти дека е казниво дело да се стои на шините, но и дека девојката веќе е доволно казнета.

BAE85E6BEFE04D49B2E5BD1B115C8CA6

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина