Кина ја повлече спорната нафтена платформа во Јужното Кинеско Море

Од:

Кинеската државна нафтена компанија соопшти дека ја повлекла својата платформа за потрага по нафта под днотот на Јужното Кинеско Море, откако ги завршила сите истражувачки работи.

Нафтената платформа беше поставена пролетва во реонот на спорните Параселски Острови и предизвика серизоно нарушување на виетнамско-кинеските односи, затоа што двете соседни земји претендираат кон островите и морето околу нив.

Во текот на мај дојде до ескалација на ситуацијата, кога Кина испрати воени бродови за да ја одбрани поставената нафтена платформа, а Виетнам се обидуваше да го одбрани својот територијален интегритет.

На двапати дојде до судир со водени топови меѓу бродовите на двете земји, а подоцна и до масовни антикинески протести во Ханој и во уште неколку други виетнамски градови.

Во насилните протести беше потпалуван и уништуван имотот на кинеските компании кои имаат вложено капитал во Виетнам, при што настрадаа и индустриски објекти изградени од Тајван. Во немирите имаше и неколку жртви, како и повредени лица, а Кинезите почнаа масовно да се евакуираат од виетнамската територија.

Повлекувањето на кинеската нафтена платформа од спорниот реон почнало доцна синоќа.

Претставник на виетнамската крајбрежна стража денеска потврди дека платформата за истражување и за црпење нафта е преселена и дека е на пат кон кинескиот остров Хајнан.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина