Кина: Извршена смртна казна

Од:

Во централна Кина извршена е смртна казна над партискиот функционер Ли Сингонг, кој беше осуден за сексуално злоставување на 11 годишно девојче.

Сингонг беше заменик на шефот на партијата во градот Јонгкенг во провинцијата Хенан и е осуден за силување на девојче во тек на полициска истрага во втората половина на 2011 година.

Тој се жалеше на пресудата до Врховниот суд меѓутоа таа беше одбиена, наведуваат агенциите.

Извештаите за силувањето кое го изврши функционерот, започнаа да кружат на интернет во мај минатата година.

И додека властите ги поттикнуваат луѓето на интернет да ја разоткриваат корупцијата
и злоупотребата на власта, особено на пониското ниво, тие настојуваат стриктно да ги контролираат вестите со слични проблеми со високото раководство.

Владеачката Комунистичка партија веќе долго време настојува да ја искорени корупцијата, стравувајќи дека доколку не успее да ја сузбие тоа може да го загрози нејзиниот опстанок.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36