Кина и Саудиска Арабија ги блокираат формулациите за фосилни горива во договорот од КОП26

Од:

Кина и Саудиска Арабија се во групата земји кои се обидуваат да спречат климатскиот договор на ОН во Шкотска да вклучи формулации кои се против субвенциите за фосилни горива, тврдат два извори блиски до преговорите.

Прашањето за субвенциите за нафта, гас и јаглен стана главна пречка на климатската конференција КОП26, која продолжува и денеска за да им овозможи на преговарачите да постигнат договор со цел ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.

Постојните нацрт-договори за кои се преговараше во текот на изминатите две недели ќе бараат од владите да го повлечат јавното финансирање на фосилните горива, за кои научниците велат дека се главните двигатели на климатските промени предизвикани од човекот.

Специјалниот пратеник на САД за климатски промени Џон Кери вчера изјави дека обидот да се спречи глобалното затоплување, додека владите трошат стотици милијарди долари за субвенции за горивата што го предизвикуваат, е „дефиниција за лудило“.

Други западни земји, вклучително и членките на Европската унија и Велика Британија, исто така вршат притисок да се задржи повикот за укинување на субвенциите за фосилните горива.

Два извори, кои побараа да не бидат именувани бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за преговорите, рекоа дека Кина и Саудиска Арабија се обидуваат да ја отстранат таа формулација.

Напорите за контакт со саудиската и кинеската делегација во синоќа биле неуспешни, јавија некои светски агенции.

Кина, најголемиот светски емитер на стакленички гасови, е значаен производител на нафта и јаглен.

Претходно оваа недела, Кина на конференцијата во Глазгов објави заеднички договор за климата со САД за зајакнување на нивните амбиции за борба против климатските промени, вклучително и забрзување на постепеното укинување на јагленот во оваа деценија и ограничување на емисиите на метан.

Саудиска Арабија е главен производител на сурова нафта и е лидер на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Саудискиот министер за енергија, принцот Абдулазиз бин Салман Ал-Сауд, на конференцијата претходно оваа недела изјави дека договорот за борба против климатските промени не треба да се фокусира на некој конкретен извор на енергија, тврдејќи дека емисиите може да се намалат на други начини.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска