Стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина е од клучно значење за обезбедување мир и безбедност на евроазискиот континент. Тие можат да одиграат конструктивна улога во одржувањето на глобалниот поредок и правдата, пишува весникот „Глобал тајмс“.
Кина и Русија заедно се спротивставија на западната хегемонија, се наведува во статијата.
Како знак на солидарност со другите народи, Москва и Пекинг упорно промовираат мултиполарност и поголема демократизација на меѓународните односи, одлучно спротивставувајќи се на обидите на Вашингтон да ги наметне своите идеали на сите и да предизвика нова студена војна, пишува весникот.
Авторот на написот наведува дека Русија и Кина ја зајакнуваат соработката и покрај сите напори на Западот да ја одвои едната земја од другата. Како пример, последниот разговор меѓу рускиот лидер Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, чии резултати, според авторот, сигнализираат успех во развојот на односите меѓу државите.
Дури и пред конфликтот во Украина, Вашингтон беше претпазлив за блиските врски меѓу Пекинг и Москва. Бидејќи САД ги класифицираа овие две земји како свои главни конкуренти, па дури и потенцијални непријатели, Вашингтон е загрижен дека продлабочувањето на соработката меѓу Кина и Русија ќе влијае на нејзината хегемонија.
Според него, најголемата грижа на САД е зајакнувањето на соработката меѓу Кина и Русија во областите што ги опфаќаат економијата и трговијата, што би можело значително да го намали ефектот од санкциите што САД и Западот ги воведоа кон Русија.
Апсурдно е Вашингтон да смета дека односите на Кина со Русија се „на погрешната страна на историјата“, се вели во написот.
„Руско-кинеските односи влегуваат во нова ера. Се очекува во 2023 година соработката меѓу земјите да се интензивира и да донесе повеќе просперитет и стабилност во светот“, се наведува во написот.
Како што беше посочено, земјите развиваат партнерство не само во економската и енергетската област, туку и во сферата на безбедноста. За тоа говорат заедничките руско-кинески воени вежби, кои се одржаа во согласност со планот, и покрај „неоснованите и ирационалните“ обвинувања на западните политичари, заклучува авторот на написот.