Кина и ЕУ се согласија да ги зајакнат трговските врски

Од:

Кина и ЕУ денеска се согласија на самитот во Брисел за зајакнување на трговските врски и ветија дека ќе работат на значително подобар пристап на пазарот, елиминација на дискриминаторските барања и практики, кои ги засегаат странските инвеститори.

Европските лидери Доналд Туск и Жан Клод Јункер и кинескиот премиер Ли Кечијанг разговараа за овие прашања пред да соопштат дека постигнале напредок во трговските односи.

– Преговорите беа тешки, но на крајот вродија со плод. Успеавме да се согласиме на заедничка изјава, која ја одредува насоката на нашето партнерство базирано на реципроцитет, рече Туск.

„Влоговите” на годишниот самит беа високи, со двонасочна трговија меѓу ЕУ и Кина во вредност од околу 575 милијарди евра годишно. ЕУ е најголем трговски партнер на Кина, додека за ЕУ само САД се поголем партнер.

Лидерите, исто така, разговараа за политиката на Кина да ги принуди странските компании да се откажат од интелектуалната сопственост како услов за пристап до својот голем и растечки пазар – што е прашање кое Вашингтон го направи централна тема во трговски спор со Пекинг.

Во завршната изјава се вели дека двете страни се согласија дека не треба да има присилен пренос на технологија.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски