Кина го забрани Вини Пу поради споредби со претседателот Јинпинг

Од:

Кинеските власти го забранија цртаниот лик „Вини Пу“ откако на социјалните мрежи се појавија споредби на претседателот Кси Јинпинг со овој сладок цртан лик.

Сепак, кинескиот претседател не е единствениот што доби двојник. Американскиот претседател Барак Обама доби споредба со Тигарот од истиот цртан филм.

По калифорнискиот самит, на кинеската социјална мрежа „Вејбо“, беа објавени фотографии од двајцата претседатели во прошетка. Кинеските блогери брзо ја искористија можноста да се пошегуваат споредувајќи ги Кси Јинпинг и Барак Обама со цртаните ликови Вини Пу и Тигарот.

Кинеските државни цензори брзо стапија во акција, по што коментарите и фотографиите беа брзо отстранети. Сепак шегата брзо се прошири и стана вистински хит.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36