Кина го менува својот јаглен за рускиот

Од:

Кина го забрани увозот на неквалитетен јаглен. Државниот комитет за развој на реформи на Кина објави дека од 1 септември во земјата се забранува продажба и увоз на јаглен со висока содржина на сулфур и саѓи.

На локалните компании сега исто така им е забрането да продаваат неквалитетен јаглен. Но, само во регионите со неповолна еколошка состојба. Државниот комитет за развој и реформи има во план да формира едноставен информативен систем за контрола на јаглените компании. Прекршоците ќе бидат казнети и внесени во црн список. Најевтината електроенергија се произведува во термоцентралите за јаглен. Но, нивното масивно користење во Кина ја доведе земјата на ивица на еколошка катастрофа. Во сите големи градови во Кина смогот стои со недели, понекогаш и месеци, предизвикувајки кај луѓето сериозни здравствени проблеми. За да се реши овој проблем, властите на Кина поставија за цел до 2020 година во целост да се забрани користењето на јаглен во Пекинг и во другите големи градови.

Но, за сега во економскиот баланс на Кина на јагленот одат речиси 70 отсто. Минатата година испораките на јаглен во Кина изнесувале околу 200 милиони тони. Кина и понатаму троши 50 отсто од светскиот енергетски јаглен и генерира 20-30 проценти од целата побарувачка на јаглен. И токму Кина е основниот фактор кој го формира меѓународниот пазар на јагленот. Затоа новоста за ограничување на увоз на овој вид гориво возбуди многумина. Меѓу другото, оваа мерка нема никако да се одрази на увозот на рускиот јаглен, тврди Јаков Бергер од Институтот за Далечниот Исток РАН:

Рускиот кокс кој се користи во металургијата и другите индустриски гранки е еден од најдобрите во светот и нема со што да се замени. Со Јапонија, на пример, е склучен договор за испораки за 25 години однапред. Јапонските автомобили се прават од метал кој се изработува со помош на руски јаглен. Кинеската металургија исто така активно го зголемува производството. Значи, расте купувачката на рускиот јаглен од страна на Кина. Се очекува испораката на тој вид гориво од Русија во Кина да скокне за најмалку еден и пол пати.

Секако поради еколошки проблеми, властите на Кина нема да се откажат од плановите да се намали потрошувачката на гасови. Сега владата става акцент на развојот на алтернативните извори на енергија. Според прогнозите на Меѓународната агенција за енергетика ИЕА, до 2035 година Кина по темпото на развој на обновливите извори на енергија ќе ги престигне Јапонија, САД и Европската унија.

Сепак, експертите истакнуваат дека преориентирањето на други енергенти не е брз процес. Наскоро побарувачката за јаглен во Кина ќе остане стабилна, бидејки населението на земјата и економијата и понатаму растат. Според рефератот на Стандард енд Пурс, кинеската побарувачка за јаглен најверојатно ќе достигне врв во следните шест години.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина