Кина ги поздрави најавите за преговори меѓу Северна и Јужна Кореја

Од:

Кина ги поздрави најавите за преговори помеѓу Северна и Јужна Кореја, најавени во новогодишните обраќање на двајцата претседатели, како и предлогот на Северна Кореја да испрати спортисти на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

– Ги забележавме позитивните сигнали во насока на подобрување на односите и учество на Северна Кореја на олимписките игри. Тоа е позитивна вест, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Опасноста од војна помеѓу Северна Кореја и САД е најголем извор на нестабилност во регионот. Шуанг ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да вложат напори во подобрување на билатералните односи.

Би можело да ве интересира

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате