Кина ги отфрли обвиненијата на американската компанија за компјутерска безбедност „Мендинт“

Од:

Обвиненијата дека кинеската армија стои зад серијата големи хакерски напади врз компании од САД се апсолутно неосновани, изјави денеска портпарол на Министерството за одбрана во Пекинг.

Изјавите дека кинески војници вршат хакерски напади се непрофесионалени и не одговараат на вистината, изјави портпаролот во однос на објавениот извештај на американската компанија за компјутерска безбедност „Мендинт“.

Во извештајот на фирмата „Мендиент“ се вели дека Единицата 61398 на Народноослободителната армија, стационирана во Шангај, најверојатно е движечка сила за хакерските упади. Тие тврдат дека кинеската единица украла „стотици терабајти податоци од компјутери од најмалку 141 организација од почетокот на 2006 година“.

Извештајот на „Мендинт“ е неоснован, бидејќи ја обвинува Кина за нападите само поради тоа што се извршени од ИП адреси регистрирани во КНР, истакна портпаролот Хен Јаншен. Според него употребата на странски мрежни адреси е вообичаена тактика на хакерите со цел да не бидат откриени.

– Објавувањето вакви неодговорни информации нема да помогне во решавање на проблемот, кој е глобален. И Кина е меѓу државите кои се соочуваат со незакоснки дејствија во кибер просторот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина