Кина ги обвини Филипините за воинственост наместо разговори

Од:

Кина денеска официјално ги обвини Филипините, за кои рече дека ги поттикнуваат тензиите во регионот.

Пекинг побара Манила да покаже „поголема искреност“ во формално најавуваната поддршка за оддржување на стабилноста во регионот.

Острата кинеска порака дојде по вчерашната средба меѓу јапонскиот премиер Шинѕо Абе и филипинскиот претседател Бенињо Акино, по која шефот на филипинската држава ја поздрави намерата на Токио да издејствува уставни промени со кои на Јапонија првпат по Втората светска војна, ќе и биде дозволен воен ангажман надвор од нејзините граници.

Акино во Токио изјави дека само недобронамерните држави не можат да ги видат придобивките ако Јапонија сака некому и воено да помогне.

Во остриот коментар на кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека Филипините треба да делуваат искрено и да се обидат со Кина да се „сретнат на половина пат’’, ако сакаат да се решат меѓусебните проблеми и недоразбирања.

Со вчерашната изјава на Акино, според официјален Пекинг, Филипините креираат поголема тензија, додавајќи и нови фактори, што уште повеќе ќе ја комплицира ситуацијата во регионот.

Во кинеската изјава не е конкретно споменато Јужното Кинеско Море, за кое Пекинг тврди дека има речиси целосна сувереност, но на тоа се спротивставуваат повеќе држави од југоисточна Азија, меѓу кои најгласни се Филипините и Виетнам.

На средбата во Токио јапонскиот премиер Абе и филипинскиот претседател Акино најмногу разговарале за спорот со Кина околу сувереноста над Јужното Кинеско Море, за кое се спорат Филипините и за суверенитетот и група острови во Источното Кинеско Море, за кој со децении спорат Кина и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина