Кина: Целосно го почитуваме данскиот суверенитет над Гренланд

Од:

Кина целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска кога станува збор за Гренланд, му рече денес на својот дански колега кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, повикувајќи ја европската земја да возврати по прашањето за кинескиот суверенитет.

Американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци инсистираше дека Вашингтон треба да ја преземе контролата врз полуавтономната територија на Данска со стратешка локација.

Пекинг се надева дека Данска „ќе продолжи да го поддржува легитимниот став на Кина за прашања поврзани со суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина“, му рекол Ванг на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен во Пекинг, според соопштението на министерството.

Средбата се одржа откако Пекинг ја критикуваше Данска за тоа што минатата недела беше домаќин на поранешната тајванска претседателка Цаи Инг-вен, која се сретна со данските пратеници и одржа говор на самитот за демократија во Копенхаген.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

Данска верува дека САД не се откажаа од Гренланд

А1он

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Фредерик-Нилсен: Американските намери се целосно неприфатливи

А1он

Трамп најавува брз договор меѓу САД, Данска и Гренланд за Арктикот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Данците владеат со европскиот и светскиот ракомет