Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во лично писмо до претседателот на Јужна Кореја Мун Јае Ин изрази надеж дека Јужна Кореја ќе ја надмине епидемијата на коронавирус, соопшти кабинетот на Мун.
Мун исто така му испратил писмо на Ким во кое изразил благодарност.
Јужна Кореја денеска потврди уште 145 случаи на инфекција со коронавирусот, со што бројот нас заразени надмина 5.700 лица.