Ким Џонг-ун по четврти пат во Кина, на покана на претседателот Си

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се наоѓа во официјална посета на Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Како што објавија кинеските државни медиуми, тој престојува во Кина од вчера до 10 јануари, а тоа е негов четврти состанок со претседателот Си во изминатата година.

Само минатата година, Ким трипати патуваше во Кина, пред и по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае- ин.

Во придружба на севернокорејскиот лидер е и неговата сопруга Ри Сол Џу, министерот за надворешни работи Ри Џон Хо и други високи претставници на Северна Кореја.

Јужнокорејските медиуми вчера објавија дека севернокорејскиот воз, во кој е најверојатно висок официјален претставник од таа земја, ја преминал границата со Кина, додека јапонски медиуми јавија дека на гостите во хотел во кинескиот град Дандонг, кој се наоѓа во близина на севернокорејската граница, а чии соби гледаат кон пругата, им било забрането да останат во просториите во моментот кога поминувал возот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета