Ким Џонг-ун наспроти Владимир Путин: Битка на култовите кон личноста

Од:

Дејли Телеграф – Лондон

Претседателот на Русија, Владимир Путин, неодамна беше почестен на два настани – со победнички хокеарски меч и со биста на која е прикажан како римски император и подигнат од козаци во Санкт Петербург. На сличенн начин и децата во Северна Кореја учат дека саканиот вожд Ким Џонг-ун е композитор и вешт возач уште од тригодишна возраст. Колку всушност се совпаѓаат култовите на нивните личности, вештините и карактеристиките на овие двајца мажи?

Младост наспроти возраст

На учителите во Северна Кореја им се дадени упатства според кои треба да ги учат своите ученици дека Ким Џонг-ун бил чудо од дете – умеел да вози автомобил на тригодишна возраст, а на девет години победил во трка со јахти. На младите Севернокорејчиња им се предава дека Ким е талентиран творец и композитор. Освен тоа, Ким веројатно е и природно талентиран морепловец.

– На деветгодишна возраст, Ким Џонг-ун се тркал со сопственик на странска јахтена компанија кој тогаш бил во посета на Северна Кореја, се тврди во прирачникот и се додава дека тој сторил се за да ја задржи победата.

Во споредба со него, Путин своите квалитети ги покажал подоцна. Според негови признанија, тој го поминал детството во тепачки со други деца во сиромашен кварт во Ленинград и сонувал да стане шпион. Тој е „чудо од дете“ и надсредна возраст, кој победува на хокеарски мечеви со меѓународни ѕвезди во својата 62-ра година. Тој даде најмногу голови во еден „апсолутно нестимулативен меч“ во Сочи и и помогна на својата екипа да стигне до сосема неочекувана победа против поранешни национални шампиони.

А кога последен пат сте го виделе Ким Цонг-ун облеан со пот?

Во април Ким се искачи на врвот Пектусан (Белоглав врв), највисоката планина во Северна Кореја и официјалното родно место на неговиот татко Ким Џонг-ил. Придружен од стотици воени пилоти и партиски активисти, Ким се искачи на 2.743 метри високиот врв облечен во дворедно палто. Без капка пот на лицето. На врвот тој им зборуваше на пилотите дека „искачувањето на врвот Пектусан е скапоцена храна за умот, која е посилна од секое атомско оружје“.

Путин не треба да искачува планински врв. Тој самиот е вистински врв. Токму врвот Владимир Путин во Киргистан, висок 4,267 метри, е два пати повисок од врвот Пектусан. Но, потрага во архивата во Кремљ покажа дека по цели 15 години на врвот на руската држава, Путин никогаш не го користел изразот „храна за умот“. Така што тој губи во однос на лексиката.

Владимир Путин .jpg

Независно од тоа дали е Мусолини кој тренира прескокнување на пречки или Дејвид Камерон кој на позајмува коњ од издавач на таблоид, јавањето зема централно место во ликот на националните лидери.

Ким Џонг-ун не е исклучок. Тој јава сив шарен коњ во елегантен јавачки костум од непознат дизајнер и изгледа како излиен полицаец додека нагледува тренинг на јавачи во коњички клуб во одделот 534 на Корејската народна армија. Добро завршена работа.

А Путин? Е тој не може да се мери.

Самоанализа

И покрај обожувањето од луѓето, самотијата понекогаш ги обзема и најсаканите национални лидери.

Маската на Ким падна во 2012 година, кога Северна Кореја лансираше сателит. Тој го одбележа тоа со пушење во осаменост. Од Хемфри Богарт наваму немало цигара која кажува толку многу.

Путин не пуши. Но и тој – понекогаш – прибегнува кон јавна самоанализа. За погребот на неговиот тренер по џудо, Анатолиј Рахлин, рускиот претседател тргна на неочекувана прошетка сам по улиците на Санкт Петербург.

Кинематографот Игор Шадхан кој е во пријателски врски со Путин, го опишува како многу осамен човек и ја повторува ситуацијата кога еднаш го нашол во задниот двор од хотелски ресторан во Санкт Петербург со две чашки коњак и изгледал „тажен, дури и очаен“.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он