Киев нарача терористички напад, Москва на време го уапси терористот

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) приведе Русин во Херсонската област под сомнение дека подготвувал терористички напад врз владини претставници по наредба од Киев, соопшти Центарот за односи со јавноста (ЦОО) на ФСБ.

„Федералната служба за безбедност во Херсонската област спречи нелегална активност на руски државјанин, роден во 1974 година, кој бил регрутиран од украинските специјални служби за извршување терористички акт против претставници на регионалните власти“, соопшти Центарот за односи со јавноста, објави ТАСС.

Според ФСБ, осомничениот, постапувајќи по упатства и под координација на украинските специјални служби, извадил рачно изработена експлозивна направа од скриен магацин за да го разнесе автомобилот на вработен во регионалната администрација на Херсон.

„За време на обидот за спроведување на криминалниот план, сторителот бил приведен, а пронајдени и запленети се следните предмети: експлозивна материја од странско производство од марката „Ц-4“ со тежина од 1.250 грама, електричен детонатор и контролна единица“, соопшти ФСБ.

Притвореникот признал дека имал намера да изврши терористички напад. Во моментов се работи на идентификување на лицата кои му помагале на приведениот во извршувањето на нелегални активности.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот не сака мир во Украина

Експлозија на граната во Русија: Деветмина се повредени, се 200 лица се евакуирани

Захарова: ЕУ е лицемерна кон протестите во Иран

Зеленски се обиде да назначи екс премиер за министер за енергетика – парламентот не одобри

А1он

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади

Медведев: Владејачките европски будали сè уште сакаат војна во Европа

Горан Наумовски