Киев ќе се обновува со руски пари: Најдена е „цел“ за запленетите пари од банките

Од:

Премиерот на Украина Денис Шмихал изјави дека украинската влада ќе ги искористи средствата запленети од две руски банки, „МР банка“ и „Промнивестбанка“, за обнова на земјата, а се работи за околу 460 милиони долари.

Средствата се додадени во државниот буџет по ликвидацијата на банките на 25 февруари минатата година, ден по рускиот напад врз Украина, објави Киев Индипендент.

На почетокот на декември Светска банка процени дека обновата на Украина ќе чини околу 600 милијарди евра. Во декември 2022 година, американскиот Сенат ги одобри средствата запленети во САД од руските олигарси – да бидат испратени до народот на Украина.

Украинскиот јавен обвинител, Андриј Костин, во февруари изјави дека САД го одобриле првиот трансфер на запленети средства во вредност од 5,4 милиони долари за обнова на Украина.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина

Шолц: Русија во иднина ќе мора да учествува на конференција за Украина

Предраг Петровиќ

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова од Конференцијата за Украина: Потребен е нов Маршалов план