Киев го одби барањето на Орбан за автономија на Унгарците во Украина

Од:

Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Наталија Галибаренко го отфрли повикот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за автономија на Унгарците во западниот дел на Украина, оценувајќи дека тоа ќе го поткопа единството на земјата.

Галибаренко изјави дека јазиците на етничките малцинства во Украина ќе бидат рамноправни со украинскиот јазик во образовниот систем и официјалните документи во регионите каде што има такви етнички групи, но дека „културна автономија, создадена на етничка припадност, не е на дневен ред“.

– Ние сме унитарна држава и треба да се однесуваме многу внимателно кон идејата за автономија, истакна Галибаренко.

Во однос на неодамна изразените претензии на Орбан, Галибаренко нагласи дека „партнерите на Украина треба да се воздржат од изјави кои се само од корист за Русија“.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски