Во западниот дел на Либија во близина на комплекс на нафтената и гасна компанија „Ени“ во градот Мелитах се киднапирани четворица Италијанци, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Италија.
Киднапираните се италијански државјани вработени во градежната компанија „Бонати“, се наведува во соопштението.
Во соопштението на италијанското министерство, исто така, се наведува дека Италија на 15 февруари ја затвори амбасадата во Либија и ги повика своите граѓани да ја напуштат државата бидејќи не е безбедна за странци.