Киднапиран француски танкер од пирати

Од:

Француските медиуми јавуваат дека минатиов викенд во близина на Брегот на Слоновата Коска исчезнал француски танкер најверојатно жртва на пирати, јавува дописникот на МИА од Париз.

Француските медиуми се повикуваат на информациите на Меѓународното биро за поморски сообраќај, според кое танкерот пловел под знамето на Луксембург и на него се наоѓале 17 членови на екипажот.

Според бирото, постојат сомневања дека танкерот бил киднапиран од пиратите, кои по зачестените патроли на Нигерија и Бенин во Гвинејскиот залив, сега ги поместиле активностите кон Брегот на Слоновата коска.

Во јануари жртва на пиратство беше танкер кој пловеше под знамето на Панама, нападнат во пристаништетот во Абиџан. Во почетокот на октомври 2012 сличен напад имаше и врз грчки танкер.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано