Кери во Париз им одаде почит на жртвите во терористичките напади

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Париз им одаде почит на жртвите во минатонеделниот терористички напад во главниот град на Франција во знак на солидарност на американскиот со францускиот народ.

Кери нападите ги оцени како „жив кошмар“, што треба да ги обедини, а не да ги раздели граѓаните во Франција и светот.

– Навистина сакав да дојдам овде во прегратка на сите Парижани и сите пријатели. Сакам лично да изразам лична жалост и згрозеност на сите Американци кон кукавичкиот и одвратен напад на невини жртви, изјави Кери пред насобраните во хотелот Вил, каде беа и членови на семејствата на жртвите.

Американскиот државен секретар заедно со министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабијус ги посети местата на терористичките напади во Париз и положи цвење, а претходно се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас