Кери сепак во Тирана дошол заради иранските муџахедини

Од:

Иако официјално не беше соопштено дека било разговарано за прифаќањето на иранските муџахедини, сепак, Гласот на Америка пренесува дека американскиот државен секретар Џон Кери, ја пренел големата благодарност до албанските власти за тоа и оти токму тоа била и главната цел на неговата посета на Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Во изминатите две години Албанија прифати илјада муџахедини и се согласи да прими уште две илјади. Всушност САД и помогнаа на Албанија за да ја прифати оваа група, која и помогна на американската војска во текот на операциите на Блискиот Исток, во борбата против тероризмот. Оваа помош изнесува 20 милиони долари преку агенцијата на ОН за бегалци, УНЦХР, изјавил висок функционер од американскиот Стејт департмент.

Според албанската агенција Балкан веб тоа значи дека Албанија ќе ги згрижи сите муџахедини од кампот „Слобода“ во Ирак.

Иранските муџахедини ќе бидат сместени, главно, во камп кој ќе биде изграден од страна на Албанија и УНХЦР.

– Американската Влада, пред неколку години, се обиде земји кои ќе се согласат за сместување на муџахедините, но освен Албанија, другите земји одбија да го сторат тоа поради опасноста која може да ја донесат со себе имајќи го во предвид нивното терористичко минато, наведува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ