Кери: Нема поделби меѓу САД и Европа за Украина

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери демантираше денеска дека постојат разлики меѓу САД и Европа за прашањето како да се одговори на украинската криза  и за улогата на Русија во неа.

На Минхенската конференција за безбедност, Кери рече дека во врска со Украина постои дипломатско единство меѓу САД и европските сојузници.

Според него, Вашингтон ги поддржува напорите на Франција и Германија да се изработи нов план за прекин на конфликтот на исток во Украина.

– Нема поделби, нема разлики, изјави Кери. – Ние сме единствени, работиме заедно и сите се сложуваме дека тој проблем нема да заврши со воени сили. Единствени сме во дипломатските напори, нагласи Кери.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година