Кери и Штајнмаер разговараа за украинската криза и иранската нуклеарна програма

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој синоќа пристигна во тридневна посета на Вашингтон, разговараше со американскиот државен секретар Џон Кери за украинската криза и преговорите со Иран за нуклеарната програма.

По средбата на заедничка прес-конференција двајцата дипломати ги повикаа завојуваните страни во Украина да ги почитуваат договорите од Минск.

– Многу е брзо да се потчукнуваме по рамо и да се гордееме со она што го постигнавме во врска со Украина, истакна Штајнмаер, алудирајќи на кревкиот прекин на огнот, договорен во Минск пред точно еден месец со посредништво на Франција и Германија.

Тој нагласи дека пред да замине во Вашингтон, телефонски разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров, со цел да се увери дека секојдневните кршења на мировниот договор во источниот дел на Украина ќе бидат прекинати.

Кери и Штајнмаер ја потенцираа и важноста на преговорите за иранската нуклеарна програма.

– Јасно е што очекуваме на крајот од овие преговориме. Ние сакаме да видиме дека е невозможно Иран да произведе атомска бомба, изјави шефот на германската дипломатија.

Штајнмаер објасни дека за време на преговорите е постигнат успех, но дека не се надминати сите пречки.

Кери, пак, нагласи дека Иран ќе треба да направи фундаментален избор, за да му покаже на светот дека нема намера да произведува нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање