Кениски адвокат поднесе тужба пред МСП поради илегалното судење на Исус

Од:

Кенискиот адвокат Дола Индидис одлучи да поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг (МСП) поради илегалното судење и распнувањето на крст на Исус Христос, пишува парискиот весник „Ле Монд“.


Како што јави дописникот на МИА од Париз, тужбата е поднесена против Италија, Израел, Понс Пилат и императорот Тибер, кои кенискиот адвокат ги смета одговорни за дискриминаторското судење на Исус, при што биле прекршени човековите права.


Како потврда и документ за судењето тој ја наведува библијата. Според еден портпарол на Меѓународниот суд на правдата, една таква судска постапка е невозможна, со оглед дека судот одлучува за спорови меѓу држави, па дури и теоретски е невозможно да се разгледа еден ваков случај.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“