Казнев го поздрави намалениот број мигранти кои навлегоа во Евротунелот

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казнев денес во Кале, на влезот во тунелот под Ла Манш, го поздрави фактот дека бројот на навлегувањата во забранетата зона на тунелот е десеткратно намален во последниве неколку недели, иако како што рече, ситуацијата е многу тешка, јави дописникот на МИА од Париз.

„Кога бевме соочени со бројни и опасни упади во почетокот на летото, бевме во можност, благодарение на одличната соработка помеѓу британските и француските сили, да го намалиме значително бројот на упадите,”, рече Бернард Казнев.

Министерот говореше заедно со неговата британски колега Тереза ​​Мај при пристигнувањето во Кале, откако претходно го поздрави контингентот на силите на редот кои се грижат за безбедноста на Тунелот.

Во почетокот на летото, бројот на упадите се зголеми на 1.700. Според Евротунел и локалните власти, тој број опадна на 100 до 200 на почетокот на оваа недела.

„Потребно е одоовде од Кале да се испрати многу силен сигнал, од границата која заљеднички ја раководиме со апсолутна примерна соработка меѓу двете земји“, рече францускиот министер.

„Одлучноста на владите на двете земји, кои се соочуваат со каналите на нелегалната имиграција е тотална. Шверцерите мора да знаат дека тие ќе бидат идентификувани, фатени и казнети од страна на правдата, ние сме решени да се осигура дека оваа криминална трговија, која доведува до човечки трагедии и смртни случаи, конечно ќе престане“.

Министерот потсети дека „значително го зголемил капацитетот на безбедносните сили во Кале.”

„1.300 француски полицајци се мобилизирани, повеќе од 500 беа испратени кон крајот на јули, за да се осигура безбедноста на границата”, рече тој.

Тој ја пофали неговата колешка дека е значително вклучена изразувајќи и искрена благодарност.

Од своја страна, Тереза ​​Мај, ја истакна потребата да се „растурат овие криминални банди“ на шверцери и исто така нагласи дека е забележано намалување на илегални преминувања.

„Но, мора да се продолжи”, рече таа.

Двајцата министри зборуваа на кејот на кој се товарат вагоните на Евротунелот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер