Катар нарача изградба на сто танкери за 19 милијарди долари

Од:

Компанијата Катар Петролеум потпиша договори за изградба на бродови со јужнокорејската „голема тројка“ меѓу бродоградилиштата, од кои ќе обезбеди повеќе од 100 танкери по цена од 70 милијарди катарски риали (19,23 милијарди американски долари), објави денеска катарскиот нафтен гигант.

Потпишани се договори со компаниите Даеву бродоизградба и бродски инженеринг, Хјундаи тешка индустрија и Самсунг тешка индустрија.

Договорите на бродоградителите од Јужна Кореја за изградба на танкери за транспорт на течен природен гас (LNG) за Катар Петролеум ќе обезбедат значителна искористеност на производствени капацитети до 2027 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот