Катар купува 24 француски воени авиони „Рафал“

Од:

Катар и Франција денеска во приуство на францускиот претседател Франсоа Оланд и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад ал Тани потпишаа договор за продажба на 24 француски ловци „Рафал“.

Зделката во вредност од 6,3 милијарди евра беше потпишана од генералниот директор на „Дасо авиасион“ Ерик Трапие и од генералот Ахмед ал Малки, кој раководеше со преговорите за купување од катарска страна.

Посебен доовор беше потпишан од Малки и Антоан Бувие, генерален директор на европскиот производител на ракетни системи Ем-Би-Ди-Еј, кој му доставува оружје на „Рафал“.

– Добар избор, беа зборовите на Оланд упатени кон катарскиот генерал на церемонијата на потпишувањето.

Договорот вклучува и договор на меѓувладино ниво за обука на 36 пилоти и стотина механичари, како и обука на разузнавачи. Овој поддоговор беше потпишен од францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан и катарскиот министер за одбрана Хамад бен Али ал Атија.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски