Поради зголемената тензија од најавените денешни протести во Египет, Катар испрати авион во главниот град на оваа земја за да ги евакуира своите државјани кои живеат таму.
Според информациите на раководството на Меѓународниот аеродром во Каиро, Катар испратил авион на компанијата „Катар Ервејз“ за евакуација на своите државјани кои сакаат да го напуштат Египет.
Амбасадите и странските мисии во Египет ги предупредија своите граѓани дека денешните протести на противниците и приврзаниците на претседателот Мохамед Морси би можеле да прераснат во насилство.
Вчера 45 вработени во американската Амбасада во Каиро заедно со своите семејства си заминаа од Египет.