Каспаров: Русите живеат во балон што не може да пукне додека Путин не биде поразен

Од:

Украинската победа во војната е предуслов за демократска транзиција во Русија, изјави еден од лидерите на руската опозиција Гари Каспаров.

Каспаров, поранешен светски шампион во шах, кој има и хрватско државјанство, учествуваше на Минхенската безбедносна конференција на тркалезната маса посветена на „иднината на демократијата“ во Русија.

Со него беа поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, кој помина десет години во затвор, Јана Немцова, ќерка на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов и историчарката Ирина Шчербакова, коосновач на невладината организација Меморијал, добитничка на Нобеловата награда за мир минатата година.

„Ослободувањето на Русија од путиновиот фашизам оди преку Украина. Русите живеат во балон што не може да се пукне додека идејата за нова империја не се распадне со воен пораз“, рече Каспаров.

„Војната ќе биде изгубена кога Русите ќе сфатат дека ја губат, без разлика на добиената или изгубена територија“.

Затоа, Каспаров ги повика западните земји да продолжат да и помагаат на Украина.

„Ниту еден трошок не е превисок“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Каспаров е осомничен за создавање терористичко здружение

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област