Каспаров: Русија ќе се распадне, работите би можеле целосно да излезат од контрола

Од:

Гари Каспаров изјави дека победата на Украина во војната што ја започна Москва ќе доведе до колапс на режимот на Владимир Путин и ќе отвори нов почеток за Русија.

„Прилично сум сигурен дека Русија ќе биде помала во следните пет години“, изјави Каспаров за Newsweek.

Опишувајќи ја војната во Украина како геноцид, чии последици „ќе траат со децении“, тој рече дека руските територии како што се републиките Татарстан, Башкортостан и Чеченија „многу веројатно ќе ја напуштат државната заедница“.

„Тоа е процес кој запре во 1991 година со распадот на Советскиот Сојуз, но мислам дека колапсот на Руската империја е неизбежен“, рече Каспаров.

Путин отворено зборува за своите империјални амбиции, како што се покажа со неговото заземање на Крим во 2014 година, последователната војна во регионот на Украина во Донбас и неговата инвазија во февруари 2022 година.

„Јасно е дека Руската империја мора да престане да постои. Прашањето е дали слободниот свет ќе разработи политики што ќе им помогнат на другите фактори во Русија да зачуваат одредена територија каде Русите ќе бидат мнозинство и да ја реформираат земјата за да стане иден сојузник на евро-атланската цивилизација – или работите целосно ќе излезат од контрола“.

Ова е причината зошто тој верува дека на Украина треба да и се даде секое оружје што и е потребно за победа, бидејќи тоа ќе му стави крај на режимот на Путин „во време кога сè уште имаме некои структури на рускиот владејачки механизам што би можеле да се префрлат на нов систем на управување“.

Каспаров ја замислува Русија како парламентарна република или лабава федерација, „но мораме да почнеме од нула“.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Каспаров е осомничен за создавање терористичко здружение

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина