Картаполов: Условите за Украина се влошуваат, ако го отфрли мирот, ќе остане без повеќе територии

Од:

Состојбите за Украина се влошуваат секој ден и ако одбие мирно решение, ќе остане без Одеса, Суми, Харков и голем број други територии, оцени денес шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов.

Тој за ТАСС изјави дека секој ден кога се одложува дипломатското решение на овој конфликт ги влошува условите за Украина.

Картаполов коментираше за претходната изјава на економистот и директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс, кој изјави дека Киев ризикува да го изгуби целиот брег на Црното Море, вклучително и Одеса, и рече дека е „многу искусна личност, компетентна, која може правилно да предвиди одредени настани“.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски