Карсин: Треба да се стави крај на криминалните активности на новите власти во Киев

Од:

Потребно е да се преземат итни меѓународни мерки за да се изврши притисок врз Киев, со цел да се спречат криминалните активности на новите власти во Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Григориј Карасин.

– Сметаме дека се потребни итни меѓународни мерки за притисок врз киевските власти, со цел да се стави крај на нивните криминални дела. Кон тоа се насочени сите наши напори, истакна тој.

Карасин нагласи дека претседателот на Русија, Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се во постојан контакт со своите меѓународни партнери и разговараат за „трагедиите, кои се случуваат во Украина“ и размислуваат како да се справат со таа сложена ситуација, „во која киевските власти се однесуваат некомпетентно и неодговорно“.

– Нашите напори ќе продолжат, рече тој и додаде дека приоритет ќе биде исполнување на веќе договореното, што се однесува пред се на спогодбата од 21 февруари и на Женевскиот договор од 17 април.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни