А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Карлсон: Израелското разузнавање имало сознанија за терористичките напади на 11 септември

by А1он11/09/2025 - 20:3311/09/2025 - 20:401254
Share0

Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека израелското разузнавање имало сознанија за терористичките напади на 11 септември во Соединетите Држави. Тој рече дека оваа тема, како и други „долго скриени информации“, ќе бидат опфатени во неговата нова документарна серија за нападите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Карлсон го изнесе ова тврдење во вторник, додека гостуваше во емисијата „Нецензурирани вести“ на Пирс Морган. Тој нагласи дека израелското раководство никогаш не го криело својот став за настаните и дека верува дека тие имале позитивно влијание врз односите меѓу САД и Израел.

„Секако дека не реков дека Евреите го сториле тоа. Дури и не знам што значи тоа. Мислам дека ваквите изјави се начин да се дискредитираат вистинските проблеми“, нагласи Карлсон.

Тој додаде дека „Бенџамин Нетанјаху, веднаш по нападот, пред камерите изјави дека тоа е добра работа, бидејќи ги доведува Соединетите Држави во конфликт во кој сме егзистенцијално вклучени со децении“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Карлсон веројатно се осврнувал на изјавите на Нетанјаху од 2002 година за време на сведочењето во Претставничкиот дом на САД, кога рекол дека демократиите „понекогаш мора да бидат бомбардирани за да се оди во војна“, споредувајќи го 11 септември со нападот врз Перл Харбор.

Новинарот, исто така, се потсетил на аферата со таканаречените „израелски студенти по уметност“, истакнувајќи дека малку информации за тоа биле објавени и дека извештаите за случајот исчезнале со текот на времето.

„Знаеме дека група „израелски студенти по уметност“ – кои очигледно не биле студенти, но некои од нив биле поврзани со израелската разузнавачка служба – биле уапсени и држени во САД долго време пред да бидат ослободени без обвинение. И знаеме дека една група од нив, според документите на ФБИ, ги снимала нападите од 11 септември и „се чинело дека имале претходно знаење за нападите““, рече Карлсон.

Првото појавување на овие „студенти“ е забележано кон крајот на 2000 година, кога се појавиле во зградите на американските федерални агенции и војската, нудејќи уметнички дела и обидувајќи се да контактираат со агенти. Тие повторно беа видени на необележани влезови, споредни премини, па дури и во домовите на некои агенти.

Според медиумските извештаи од тоа време, најмалку 140 израелски граѓани вклучени во такви активности беа уапсени од почетокот на 2001 година до нападите на 11 септември, а дополнителни 60 беа приведени веднаш по нив. Покрај тоа, некои групи „студенти“ наводно изнајмувале имоти во близина на становите каде што живееле организаторите на терористичките напади.

11 septemvri napadsadtaker karlson

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Предраг Петровиќ21/11/2026 - 15:39

Се запали моторот на авион со 120 патници – следеше принудно слетување

А1он20/11/2026 - 20:13

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Горан Наумовски20/11/2026 - 12:57

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Горан Наумовски20/11/2026 - 07:01

Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Горан Наумовски19/11/2026 - 14:38

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Горан Наумовски19/11/2026 - 07:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео