Карла Шлехтова предложена за нова чешка министерка за регионален развој

Од:

Карла Шлехтова, досега одговорна за користење на европските средства во чешката Влада, е предложена за министерка за регионален развој, наместо Вера Јоурова која е номинирана за чешки комесар во Европската комисија (ЕК).

Шлехтова е предложена од здружението АНО (Опција на незадоволни граѓани), член на владината коалиција, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка бил запознаен и согласен со предлогот за новиот член на владиниот Кабинет, а во наредните денови ќе биде информиран и претседателот на државата Милош Земан, кој треба да ја именува новата министерка на функцијата. Јоурова на новата функција во ЕК ќе биде задолжена за правните, родовите прашања и потрошувачката политика.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски