Карл Јасперс: Дали народите сносат вина за лидерите кои ги поднесуваат?

Од:

Artnit.net – Белград

Спротивставеноста меѓу слободното и неслободното верување, на пример, се гледа во сфаќањето на државниот лидер. Дали народите сносат вина за лидерите кои ги поднесуваат, на пример, Французите за Наполеон?

Се смета дека преовладувачкото мнозинство сепак ја прифаќала и посакувала моќта и славата која тој ја стекнал. Наполеон бил моќен бидејќи Французите го сакале. Неговата големина била во прецизноста со која погодувал што очекуваат народните маси, што сакаат да слушнат, која илузија и какви материјални реалитети бараат.

Ленц со право рекол: Се роди држава која одговара на францускиот дух? Да, во еден дел, една ситуација – но не само на духот на еден народ! Кој може на тој начин да го одреди духот на некој народ? Од истиот дух израснале сосема поинакви реалитети.

Би можело да се размислува и на следниот начин: како што човек одговара за изборот на саканата со која поврзан во брак го живее својот живот во заедништво на судбината, така и народот е одговорен за тој на кого власта покорно му се препушта.

Грешката повлекува вина. Нејзините последици нужно мора да се сносат.

Меѓутоа, токму тоа би било наопаку. Она што во бракот е можно и примерено, во државата по правило е погубно: безусловна приврзаност кон едно лице.

Верноста на следбениците е неполитички однос ограничен на тесни кругови и примитивни односи. Во слободна држава важи контролата и менливоста на секој човек.

Од тука е двојната вина: прво, воопшто безусловно политички да се покорува на еден лидер и второ типот на лидерот на кој сме се покорувале.

Самата атмосфера на покорност во некоја рака претставува колективна вина.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска