Карл Билд: Америка ќе употреби брутална сила во следните шест месеци

Од:

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд изјави дека Соединетите Американски Држави најверојатно ќе употребат „брутална сила“ против Данска во следните шест месеци.

Тој реагираше на изјавата на советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Милер, дека Гренланд со право им припаѓа на САД и дека администрацијата на Трамп може да ја окупира полуавтономната данска територија ако сака.

„Сега Белата куќа станува уште поконкретна во врска со своите закани кон Гренланд и Данска. Сега се чини веројатно дека во следните шест месеци ќе видиме како Соединетите Држави користат брутална сила против Данска“, рече тој.

Изјавата на Милер предизвика бурна реакција во Данска.

Данскиот пратеник Расмус Јарлов реагираше на зборовите на Милер за Гренланд, доведувајќи ја во прашање неговата проценка.

„И мисли дека нема да се бориме да го задржиме? Грешка“, рече Јарлов.

Би можело да ве интересира

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин

Силен земјотрес го погоди Перу: Тресењето почувствувано и во главниот град

Предраг Петровиќ