Кардинал осуден на шест месеци условна казна поради прикривање сексуално злоставување

Од:

Судот во Лион го осуди кардиналот Филип Барбарин на шест месеци условна казна поради прикривање сексуално злоставување, јави дописникот на МИА.

Кардиналот Барбарин беше осуден изутринава од страна на Кривичниот суд во Лион на шест месеци условен затвор, поради што не ги пријавил педофилните напади на свештеник од неговата епархија.

Во отсуство на кардиналот, претседателката на судот Брижит Вернеј „го прогласи за виновен поради непријавување малтретирање“ малолетник во периодот меѓу 2014 и 2015 година.

– Не гледам зошто сум виновен, изјави кардиналот Филип Барбарин за време на неговото судење во Лион. Кривичниот суд сепак го прогласи за виновен. Неговите адвокати веднаш посочија дека ќе поднесат жалба на одлуката.

На рочиштето беа изнесени сурови и трогателни сведоштва на жртвите на свештеникот Бернар Прејна, на кого подоцна ќе му се суди.

Меѓу 2001 и 2018 година повеќе француски архиери беа осудени во слични афери за непријавување сексуално злоставување.

Оваа трагична приказна се најде и на филмското платно, откако режисерот Франсоа Озон ја постави во филмот „Благодарејќи на Бога“, кој ја доби Сребрената мечка на фестивалот во Берлин, но потоа адвокатите на свештеникот Прејна се обидоа да го забранат да се прикажува во Франција.

Би можело да ве интересира

Олимпик од Лион казнет поради неподмирени долгови

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

Битлочанец силувал лице со трајно душевно заболување и пренесувал во живо на Youtube

Катерина Ѓуровски

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад