Капетанот и екипажот на бродот што го затна Суецкиот Канал може да одат во затвор

Од:

Поради неколкудневната блокада на Суецкиот Канал со бродот „Евер Гивен“ во Суецкиот канал и блокирањето на меѓународниот сообраќај низ него, на индискиот екипаж и капетанот на овој голем контејнерски брод им се заканува куќен притвор и кривично гонење.

И индиската Влада и поморските организации се загрижени за правните проблеми со кои може да се соочи екипажот, вклучувајќи ја и можноста за кривични пријави.

Според извори во бродската индустрија, една од можностите е да се спречи капетанот и дел од екипажот да го продолжат патувањето.

Тие би можеле да бидат ставени во домашен притвор се додека не заврши истрагата за причините за несреќата.

Менаџментот на бродската компанија не даде многу објаснувања во врска со законските процедури што ќе треба да ги помине екипажот, освен дека „постои реална опасност екипажот да стане жртвено јагне“.

Член на Националниот одбор за сообраќај на бродови (НСБ), капетанот Санџај Прашер, изјави дека истрагата прво треба да утврди како се насука бродот.

-Фактите може да се проверат и утврдат со слушање на разговорите во записникот за бродско пловење, рече тој.

Компанијата „Bernhard Šulte Šipmenadžment“ (БССМ) не ги соопшти имињата и презимињата на членовите на екипажот, туку само кажа дека сите се безбедни и се во добра здравствена состојба.

„Сите 25 членови на екипажот се безбедни и добро згрижени. Тие се уште се во добра здравствена состојба и тесно соработуваат со сите страни вклучени во подготовката на бродот за повторно пловење. Напорната работа и неуморен професионализам се многу ценети”, се наведува во соопштението на компанијата.

Речиси е неизбежно дека ќе следи правен конфликт. Националниот сојуз на морепловци на Индија (НУСИ) со седиште во Мумбала изрази солидарност со индиските морнари.

-НУСИ вети солидарност со сите индиски морнари на бродот. Јас контактирав со нив. Морнарите се добро, но под стрес. Тие не се сами и ние ќе ги поддржуваме кога ќе биде потребно и на кој било начин, изјави генералниот секретар на НУСИ, Абдулгани Серанг.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Белград: Товарен брод удрил во чамец, се трага по две лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор