Канје Вест на изборите во САД планира да оди како независен кандидат

Од:

Американскиот рапер Канје Вест во интервју за изданието „Форбс“ денеска изјави дека својата кандидатура за претседател на САД планира да ја објави наскоро како независен кандидат. Тој додаде дека би бил подготвен да стане кандидат на Републиканската партија доколку таа не би била претставувана од актуелниот претседател Доналд Трамп.

Вест претходно на социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека има намера да учествува на претседателските избори оваа година во САД. Во коментарите под твитот тој доби поддршка од Илон Макс, основачот на компаниите „Тесла“ и „СпејсИкс“.

Пеачот е во брак со Ким Кардашијан, американската популарна реалити шоу ѕвезда. Во интервјуто тој истакна дека, засега, таа и Маск се единствени советници во неговата претседателска кампања. Според изборната традиција во САД, реални шанси за избор на претседател имаат кандидатите од најголемите две политички партии, републиканската и демократската, кои оваа година ќе бидат претставувани од Доналд Трамп односно Џо Бајден.

Би можело да ве интересира

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он

Аризона и Невада би можеле да бидат решавачки во трката за американскиот Сенат

А1он

Во Аризона и Невада гласовите се пребројуваат со присуство на полиција

Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Горан Наумовски

Избори за американскиот Сенат: Конечните резултати може да се чекаат со недели

Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД

Ана Ололовска